Меси: Дадов сè за Аргентина

Аргентинскиот напаѓач Лионел Меси ги сподели своите емоции по неговиот проштален натпревар за репрезентацијата.
На стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина ноќеска го победи Бенин со 3:0, а Меси постигна еден гол и имаше две асистенции.
– Емоциите денес се неверојатни. Ви благодарам на сите. Првата личност на која помислувам е мојот татко. Би сакал да бидам тука со репрезентацијата на Аргентина засекогаш, до крајот на мојот живот… но дојде време да си заминам. По последното Светско првенство, беше време да се збогувам. Ви благодарам, бидејќи претставувањето на Аргентина е најдобрата работа досега. Немам друг избор освен да му се заблагодарам на овој дрес. Дадов сè за Аргентина. Никогаш не се откажав од овој дрес. Секогаш се борев, одев напред и давав сè од себе. Дваесет години давав сè од себе за Аргентина, го цитира новинарот Фабрицио Романо 39-годишниот Меси.
Со националниот тим, Меси освои злато на Светското првенство во 2022 година и сребро на Мундијалот во 2026 година. Има 208 настапи за Аргентина, 126 гола и 69 асистенции. Дебитираше за репрезентацијата во август 2005 година.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски го посети болнички комплекс „Мајчин дом“ - најголемата клиника по неонатологија во Бугарија
-

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“
-

Францускиот министер за внатрешни работи вети повеќе полиција на улиците низ градовите
-

Во Атина се очекуваат протести на студенти и на ученици
-

Мицкоски: Од денес достапни за граѓаните, почнува набавката на нови амбулантни возила за македонското здравство
-

Анри домаќин на доделувањето на „Златната топка“
-

Сончево со мала локална облачност
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
