Месечните карти во катните гаражи на „Градски Паркинг“ поскапуваат од 1000 на 2000 денари

За 100% ќе посдкапат месечните карти за вработени за во катните гаражи со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ во Скопје. Според новиот ценовник што треба да биде одобрен на седницата на Советот на Град Скопје в среда, се предвидува цената за месечните паркинг карти во катните гаражи наместо 1.000 да биде 2.000 денари.
Со новиот предлог-ценовник се предвидува и поскапување за по пет денари на сите паркинзие со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, како за зонските паркиралишта, така и за отворените со рампа.
Еден час паркирање во зона А наместо 45 ќе биде 50 денари, во зона Б наместо 35 ќе биде 40 денари, додека во зоните Ц и Д каде досега еден час чинеше 25 сега ќе биде 30 денари.
Причина за зголемување на цената за паркирање е поради зголемените трошоци за одржување на јавните паркинзи и катните гаражи со кои стопанисува претпријатието. Зголемени се трошоците за вода, струја, одржување на лифтовите и опремата инсталирана на паркиралиштата – соопштуваат од „Градски паркинг“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
