Мертенс ја освои титулата во Доха
Белгијката Елиза Мертенс ја освои титулата од турнирот во Доха, Катар, откако во финалето ја победи поранешната лидерка во светската ВТА листа – Симона Халеп (Романија) со 3:6, 6:4, 6:3.
За Мертенс ова беше прва титула на турнир од такво високо ниво, а Белгијката направи незаборавен пресврт за да стигне до финалната победа.
При 3:3 во првиот сет Халеп освои 18 последователни поени, за да го земе првиот дел и да поведе со брејк во вториот, но и покрај тоа, Мертенс не падна со духот и најде сили прво да го врати брејкот, а потоа и да го затвори вториот сет, благодарение на нов брејк во деветтиот гем.
Во решавачкиот трети сет, Мертенс направи брејк за 3:2, а во деветтиот гем направи уште еден брејк со кој го затвори натпреварот.
На својот пат кон титулата, Мертенс отстрани три топ 10 натпреварувачи – Кики Бертенс од Холандија во четвртфиналето, Анџелик Кербер од Германија во полуфиналето и во финалето Халеп.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата