Меркел: Крајно време е за реформа на Советот за безбедност

Крајно време е Советот за безбедност на ОН да се реформира, за да биде одраз на вистинскиот распоред на силите во светот во 21 век, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
- Нам ни е потребен нов начин на работа, за да се решаваат проблемите, рече Меркел за време на воведното обраќање на состанокот со колегите од Бразил, Индија и Јапонија.
- Мораме да продолжиме многу мудро во пронаоѓање сојузници за да ја постигнеме целта, рече Меркел на самитот на светските лидери за глобален развој, на Генералното собрание на ОН.
Советот за безбедност е најмоќно тело на ОН, кое има 15 членови, од кои пет постојани.
СБ на ОН има можност да издава правно обврзувачки резолуции, да изрекува санкции и да одобрува воени акции за извршување на своите одлуки.
Времените членки ги бира Генералното собрание на двогодишен мандат.
Ново на Сител
-

Нов напад врз Техеран - Израелската армија објави снимки
-

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи
-

ИДФ соопштија дека Хамнеи е убиен во „прецизна, обемна“ израелска операција
-

Убиени началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран и главниот командант на ИРЦГ
-

Иран го нападна аеродромот во Дубаи | ВИДЕО
-

Од денеска до 5 март пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк
-

Од денеска побезбедни онлајн купувања со платежни картички
-

Илјадници Ирачани жалат за смртта на Хамнеи
