-->
-->
Меркел ја губи поддршката за канцелар од сестринската партија ЦСУ
-->

Влијателни членови на баварската Христијанско - Социјална Унија која што е сестринска партија на Христијанско - Демократската Унија на Ангела Меркел бараат партиска анкета за да ја спречат четвртата кандидатура на канцеларката за нов мандат во 2017 година.
Според весникот „Билд“ голем дел од канцелариите на ЦСУ во Баварија инсистираат партијата да ја откаже поддршката за нов мандат за Меркел поради нејзината политика на отворени врати за бегалцие.
Акцијата против Меркел ја води претседателот на подмладокот на ЦСУ, Ханс Рајнхарт но поддршка за кампањата има и од други влијателни членови на партијата која што функционира само во покраината Баварија додека на ниво на Германија практично е една партија со ЦДУ.
Меркел сеуште не ја објавила својата кандидатура иако според нејзините јавни настапи очигледно е дека и покрај значителниот пад на поддршката во јавноста според анкетите таа планира да се кандидира за уште еден мандат, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според „Билд“ канцеларката сеуште не добила покана за годишната конференција на ЦСУ закажана за 4 ноември во Минхен со што според весникот , се потврдуваат информациите за конфликтот меѓу ЦДУ и ЦСУ. Весникот во текстот пренесува и изјава на лидерот на ЦСУ, Хорст Зехофер кој наводно не сакал да се повтори „театарот од минатата година“ кога на партиска конвенција Меркел доби аплауз во траење од 13 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
