Меркел: Бегалците треба што е можно побрзо да бидат интегрирани во Европа
Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека е потребно побрзо да се носат одлуките за барањата за азил со цел бегалците кои биле примени во Европската унија да бидат подобро интегрирани.
Меркел ова го изјави по средбата на лидерите на нејзината Христијанско-демократска унија, посветена на проблемите со миграцијата.
- Во основата на претходните дискусии по прашањето како да се справиме со приливот на имигранти од Блискиот Исток, Авганистан и Африка е изградбата на доволен број објекти за сместување на бегалците, рече Меркел.
- Исто така главно прашање е колку брзо можеме да ги интегрираме оние, кои имаат потреба од заштита и колку брзо можеме да им кажеме на оние кои немаат право да останат тука, дека треба да се вратат во своите земји, истакна Меркел.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости