Мерка притвор за уште 35 навивачи, притворени сите 105 уапсени за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК

Сите 105 навивачи уапсени за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, ќе бидат притворени, откако и на последните 35 уапсени денеска им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на тридневното маратонско сослушување, ниту еден од уапсените не беше ослободен од обвиненијата за кои се товарат, а од 105 лица, 102 се хрватски државјани, двајца се Грци, а еден е Албанец.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу оние кои денеска дадоа исказ пред истражен судија и добија мерка притвор се и петтемина Хрвати, кои ден по инцидентите беа уапсени на пристаништето во Игуменица, во обид со брод да ја напуштат Грција.
Притворените 105 навивачи ќе бидат префрлени во 16 затвори во цела Грција, а паралелно продолжува истрага за откривање на сторителот на убиството на навивачот и се очекуваат резултатите од ДНК анализата по примероците земени од уапсените.
Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.
Процесот на сослушување пред истражните судии започна во петокот напладне, а заврши вечерва околу 21 часот.
Ново на Сител
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
