Мерил Стрип ќе ја добие наградата за животно дело „Сесил Б. Демил“
Холивудската актерка Мерил Стрип, која е повеќекратна добитничка на филмските признанија „Златен глобус“ и „Оскар“, е фаворит за освојување на годинешната награда „Сесил Б. Демил“ за животно дело, поради нејзиниот придонес во светот на филмот.
Здружението на странски новинари акредитирани во Холивуд објави дека 64-годишната актерка ќе ја освои оваа престижна награда поради, како што наведуваат, „исклучителен придонес во светот на забавата“.
Наградата „Сесил Б. Демил“ се доделува за исклучителен придонес во филмската индустрија, а се врачува на свеченоста на доделување на „Златните глобуси“.
Улогата на Мерил Стрип во биографската комедија „Флоренс Постер Џенкинс“ најверојатно ќе и донесе номинација за најдобра глумица во комедијата или мјузиклот.
Церемонијата за доделување на наградите „Златен глобус“ ќе се оддржи на 8 јануари 2017, а номинациите ќе бидат објавени на 12 декември оваа одина.
Наградата „Сесил Б. Демил“ минатата година му припадна на глумецот Дензел Вашингтон, а претходно ја добиваа и Џорџ Клуни, Џoди Фостер, Морган Фримен, Мартин Скорсезе.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ