Македонија
5. March 2018 - 8:36

Меморандум за соработка меѓу Воздухопловната федерација и здружението „Без ограничување“

Воздухопловната федерација на Македонија и Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Бег ограничување“ денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.

Покрај потпишување на Меморадумот ќе биде промовирано  тандем одело за воздухопловни летови за лица со параплегија и квадриплегија, набавено со соработка на Вoздухопловната федерација на Франција , а финансирана со средства преку програма на Агенција за млади и спорт, за учество на спортисти на Меѓународни натпревари.

Оделата за тандем скокови со падобран и тандем летови со параглајдер за лицата со параплегија и квадриплегија се набавени од Воздухопловната федерација на Македонија со поддршка од  Агенција за млади и спорт, Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“и Аеро Клуб Скопје.

Воздухопловна федерација на Македонија,Здружението на лица со параплегија и квадриплегија „Без ограничувања“ и Аероклубот Скопје планираат да спроведат проект „Небото нема oграничувања“ кој воздухопловните спортови ќе ги приближи до сите граѓани.