Џет-Сет
8. July 2016 - 9:45

Северина покажа „Силикони“

На радост на своите фанови, Северина конечно го објави новиот летен хит „Силикони“.

Екранизацијата за песната му припадна на Петар Пашиќ, а во сценариото е опишан процесот на создавање совршени жени и испитување на нивната издржливост на сите временски услови.

Во улога на шефица на фабриката се појавува српската актерска ѕвезда Сека Сабљиќ.

Потписници на новиот сингл се пет автори. Музиката е на Бојан Васиќ, за текстот се погрижија Марина Туцаковиќ и Сајси МЦ. Аранжманот е дело на Филип Милетиќ, Милош Рогановиќ и Бојан Васиќ.

-Пејте ја оваа песна дури и ако немате силикони. Ќе ви се разубави денот и ќе се почувствувате совршено. Деца, не правете го ова дома, порачува Северина и ве повикува да ужувате, ако не во музиката, барем во спотот.