-->
-->
Меланија ја згрози јавноста по посетата на детскиот логор: Сите се шокираа од пораката на нејзината јакна, што сакаше првата дама да каже
-->


Како што пишуваат американските медиуми, оваа јакна чини само 39 долари, па првата дама поради овој стајлинг предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. По тој повод, портпаролката на Меланија изјави дека „нема скриени пораки” кон децата при изборот на облеката на американската прва дама.
Со свој став се огласи и претседателот Доналд Трамп кој тврди дека натписот се однесува на медиумите кои објавуваат лажни вести. – Меланија сфати колку се тие нечесни и повеќе „не и е грижа”, напиша тој на Твитер.

Меланија Трамп го посети прифатилиштето за деца во Мeкален, еден дeн oткако нејзиниот сопруг ја потпиша извршната уредба со која на имигрантските семејства, што нелегално доаѓаат преку јужната граница на САД, им се овозможува да останат заедно до конечниот исход од имиграциската постапка. Сепак, тој напомена дека ќе продолжи со политика на „нулта толеранција”, која подразбира кривично гонење на сите полнолетни лица кои ја минуваат границата нелегално.
Првата дама побарала „децата да бидат вратени кај своите семејства колку е можно побрзо”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка
-
Дали ДПА е на чекор до влез во Владата? Премиерот не потврдува