Меѓународната коалиција: Багдад и Ербил да избегнат ескалација на тензиите
Меѓународната коалиција предводена од САД ги повика ирачките лидери и курдските власти да ја избегнат ескалацијата на тензиите, по судирите и смртните случаи во провинцијата Киркук, која е богата со нафта.
- Сите страни мора да стават акцент на борбата против нашиот заеднички непријател во Ирак - Исламска држава, се вели во соопштението на коалицијата, додавајќи дека би сакале да веруваат оти вооружените судири синоќа се резултат на недоразбирање поради слабата видливост.
- Коалицијата го набљудува движењето на војниците и воената опрема во близина на Киркук. Досега ова придвижување е само обично преместување, а не напад, се наведува во соопштението.
Илјадници Ирачани бегаат од градот Киркук и се упатуваат кон северните градови Сулејманија и Ербил.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка