-->
-->
Меѓународен кулинарски настан ГастроМак Македонија 2017 во Струмица
-->

Во Струмица вчерва почнува Меѓународниот кулинарски настан ГастроМак Македонија 2017, на кој ќе настапат околу 300 натпреварувачи, кои ќе ги оценуваат шеесетина мастер-шеф судии.
Овој настан, кој ќе трае до 28 октомври, се организира по вторпат во Македонија и е влезен во календарот на глобалните случувања од овој тип. Организиран е од Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија - ГастроМак, со логистичка поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни, асоцијација која што ги обединува националните кулинарски здруженија од над 150 држави во светот.
- Натпреварот се одржува под мотото „Залче од светските вкусови!” и, практично, под универзалното знаме на гастрономијата, ќе го обедини светската готвачка елита, која во Струмица ќе го претставуваат судии, натпреварувачи и гости од Португалија, Русија, Италија, Чешка, Велика Британија, Полска, САД, Канада, Србија, Словенија, Израел, Бугарија, Турција, Хрватска, Азербејџан, Романија, Пакистан, Грција, Албанија, Кипар, Исланд, Украина, Монголија, Босна и Херцеговина, Индија и, секако од Македонија, велат организаторите.
На петдневниот настан, врвните кулинирски шефови ќе си ги одмеруваат силите во 33 категории, поделени во четири сегменти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и подготовка на пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со Master Chef титулата ќе одржуваат повеќе Мастер класови.
Манифестацијата ќе биде од отворен карактер, така што сите заинтересирани ќе можат да ги посетат готвачките боксови како се подготвуваат јадењата и десертите, но и да ги вкусат. Исто така, посетителите ќе можат да уживаат и во презентациите, дегустациите и другата програма што ја имаат подготвено ГастроМак и партнерите за време на сите денови на настанот, велат организаторите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Онкологија 2“: Планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства за биолошката терапија
-

„Сејф Сити“: Одземени 90 возила за две недели
-

Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом пронајдени се дрога и куршуми
-

Реките со енормен пораст по обилните дождови - Треска четири, а Вардар два и пол пати над просекот
-

Жител на неготинско Тимјаник возел без возачка, одземено му е возилото
-

Македонското еколошко друштво започнува нов проект за обнова на популацијата на белоглавиот мршојадец во Македонија
-

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
-

Мицкоски: Со нова градинка во општина Ѓорче Петров до помали листи на чекање
