„Медал за храброст“ од претседателот Пендаровски за пожарникарите
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска со „Медал за храброст“ ќе одликува осум припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а на противпожарната бригада ќе и го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“.
Припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, информираат од Кабинетот на Пендаровски, се одликуваат со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при извршувањето на задачите во справувањето со огнената стихија за време на пожарот во станбена зграда на ул. „Народни херои“ во Општина Кисела Вода, при што придонеле за навремено извлекување на загрозените станари.
Признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и се доделува за посветено извршување на задачите при гаснење пожари на подрачјето на градот Скопје, отстранување на непосредната опасност за настанување на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот, загрозени од пожари и од експлозии, и останати активности во согласност со делокругот на работа.
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото