Живот
8. March 2016 - 12:08

Ме тепаше додека не посинам од ќотек, потресно видео на малтретираната манекенка

Во јавноста се појави вознемирувачка снимка од австралиската манекенка Беренџер Роуз (27) на која немоќната жена лежи во модринки и рани и го преколнува сопругот да престане да ја тепа.

Она што е најшокантно, е што видеото го снимил токму Шон Каберт (25) кој на своите пријатели им се фалеле дека на Роуз тренира како да е боксерска вреќа.

Манијакот ги испраќал снимките од злоставувањето на сопругата на своите блиски пријатели, ама за среќа во друштвото се нашол некој нормален кој снимката ја дал во медиумите кои потоа го разоткриле целиот случај.

Каберт изгледа својата поубава половина ја малтретирал со години, а на оваа последна снимка се гледа како се фали дека ја удира со стап.

-Те молам престани, вика девојката додека лудакот и наредува да ги покаже нозете кои и се цели во модринки.

-Лице од насловната, се фалеле Каберт.

Познатата манекенка потоа призна дека насилството траело од моментот кога двојката се венчала минатата година. Тврди дека на почетокот од врската бил прекрасно и пристојно момче, но дури потоа почнал да го покажува насилниот карактер.

-Се почна со обичен шамар, но после почна да ми прави многу полоши работи. Со цигла ми ја искрши главата, со ренде за сирење ми ја стругаше кожата од нозете, со скалпел ми ја сечеше косата, раскажува очајната Беренгер која мажот ја силувал речиси секој ден.

-Ме тепаше секој ден. Додека не посинам, не престануваше. Се чувствував како во затвор. Кога му реков дека и јас имам права, тој мртов -ладен ми одговараше дека немам никакви права, раскажува очајната жена.

Каберт моментално е во притвор поради семејно насилство и поставување на експлозивни направи за Божиќ. Сепа, се уште не е познато дали Роуз со пријавила на чуварите на законот.