-->
-->
Ме силуваа секој ден: Оваа жена нелуѓе ја злоставувале со месеци!
-->

Сексуална робинка (25) на Исламската држава, мајка на четири деца отркила како џихадистите секојдневно, седум месеци, ја малтретирале и злоставувале. Таа била приморана да исполнува се што барале терористите од нејзе.
Курдите ја ослободиле по една ипол година заедно со уште 30 сонародници. Преживеала тортура за која раскажала јавно.
- Бев заробена кај терорист кој се вика Омар. Ме злоставуваше секој ден, а за да не останам бремена, и да може што подолго да ме измачува морав да пијам апчиња за контрацепција. Тие не се однесуваат како луѓе, не можете ни да замислите.
Изјавила дека и нејзиниот брат и татко се заробени но не знае каде се, додава дека можеби е подобро да се мртви.
Кога Омар посакал да ја продаде на некој друг, му се заканила дека ќе се самоубие, па така попуштил. Иако денес е слободна, далеку е од среќниот живот, а траумите и последиците од злоставувањето ќе останат засекогаш.
Меѓу ослободената група е и 22-годишна девојка која останала бремена пред да биде киднапирана. Бебето умрело кога имало седум месеци.
- Не ни дадоа да го погребаме. Бевме преплашени дека ќе ни ги пресечат главите ако не ги послушаме. Бевме потполно понижени, како да не сме луѓе. Никогаш нема да го заборавиме тоа, додала таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
