МДТ апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници
Министерството за дигитална трансформација (МДТ) апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници.
- Во овие најтешки моменти за македонската држава и народ од нејзиното осамостојување, како Министерство надлежно за уредување на прашањата поврзани со медиумите и медиумското работење, апелираме на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници. Недопустливи се заканите упатени кон новинари, уредници и медиуми, кои имаат за цел да спречат непристрасно, отворено и квалитетно медиумско известување. Споредено со многу поразвиени општества, македонските медиуми и медиумски работници покажуваат исклучителна професионалност во работата и известувањето, во овие траорни моменти на колективна тага и гнев, се вели во соопштението од МДТ.
Апелираат до надлежните институции за итна и ефикасна реакција, со цел да се утврди одговорноста на секој кој се заканува и го попречува работењето на медиумите за да се обезбеди заштита на новинарите од вакви притисоци.
- Овие тешки моменти се тест за целата држава. Ќе ги следиме и во иднина сите слични случаи, затоа што безбедноста на новинарите е од најголема важност за функционирање на демократијата, наведуваат од МДТ.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола