Македонија
2. July 2017 - 13:25

Маж се удави на градскиот базен во Прилеп

На 01.07.2017 година во 13,35 часот во Прилеп на ул. „Јоска Јорданоски“ поточно во Градскиот базен се удавил 72-годишниот Г.К. од Прилеп. Смртта без траги на насилство била констатирана од страна на лекар, и истата настапила најверојатно од срцев удар. По наредба на ЈО, на 02.07.2017 година ќе се врши обдукција.