Мавраганис: Без 180 гласа за Договорот, владата ќе падне
Коалициониот партнер во грчката влада, Независни Грци, не отстапува од барањето, Договорот со Македонија, во грчкиот парламент да се ратификува со зголемено мнозинство од 180, наместо 151 пратеник.
Заменик министерот за транспорт и врски на Грција, Никос Мавраганис, од редовите на партијата на Каменос, вели дека без 180 пратеници, Независни Грци ќе се повлечат и владата ќе падне.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мавраганис, во интервју за грчката телевизија „Скај“, повикувајќи се на членови од Договорот рече дека „потписот од Коѕијас на еден нацрт договор нема никаква правна важност“.
- Прво, правната важност на овој потпис е минимален па дури и нула. Второ, нема е воопшто важно што ќе се случи сега, туку важно е дали ќе се ратификува од парламентот. Трето, побаравме 180 пратеници. Ако не одиме на 180 пратеници, владата ќе падне. Ние ќе се повлечеме од владата и ќе ја повлечеме нашата доверба, рече Мавраганис и додаде дека ако Нова демократија сака да гласа, тогаш во ред, ако не, земјата ќе оди на избори.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава