Матис ја повика армијата на САД да биде подготвена за војна со Северна Кореја

Американскиот секретар за одбрана, генерал Џејмс Матис изјави дека е невозможно да се предвиди што носи иднината во врска со севернокорејската криза, но ги предупреди воените сили да бидат подготвени за воена конфронтација со Ким Џонг-ун.
Тој истакна дека Трамп се обидува да дојде до дипломатско решение, но дека војската мора да биде „подготвена“.
Неговите предупредувања доаѓаат по стравувањата дека Северна Кореја планира утре да детонира или лансира нуклеарна бомба, со оглед на тоа дека е годишнина од основањето на Комунистичката работничка партија и почеток на владеењето на династијата Ким. Американските медиуми предупредуваат дека ваквите годишнини во многу земји се одбележуваат со воени паради, но стравуваат дека Ким може да се одлучи за нешто многу поголемо.
- Во тек се дипломатски напори, економски санкции, се со цел да се одврати Северна Кореја од овој пат, рече Матис на конференција во Вашингтон.
- Што ни носи иднината? Ниту вие, ниту јас можам да кажам. Но има една работа која американската армија може да ја направи: Бидете подготвени да осигурате воена опција која Претседателот ќе може да ја примени, доколку биде неопходно, истакна Матис.
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
