-->
-->
Мастерс: Шарапова со три победи во полуфиналето
-->
Руската тенисерка Марија Шарапова со три победи успеа да се пласира во полуфиналето на Мастресот што се игра во Сингапур. Таа денеска во меч од 3.коло од „црвената“ група ја победи Флавија Пенета со 2-0 во сетови (7:5 и 6:1). За Пенета ова беше последен меч во кариерата откако не успеа да се пласира во полуфиналето, а претходно по освојувањето на УС Опен најави дека оваа година е нејзина последна во кариерата.
На вториот меч денеска Агнешка Радванска ја победи Симина Халет со 2-0 (7:6 (7:5) и 6:1) и благодарение на сетот освоен против Шарапова успеа да обезбеди полуфинале откако заедно со Халеп и Пенета имаа биланс 1-2 (победи - порази).
Табела - црвена група:
1 Шарапова 3-0 (мечеви) / 6-1 (сетови)
2 Радванска 1-2 / 3-4
3 Халеп 1-2 / 2-4
4 Пенета 1-2 / 2-4
Утре се играат мечевите во „белата“ група: Мугуруза - Квитова и Сафавора - Кербер.
Табела - бела група:
1 Мугуруза 2-0 / 4-0
2 Кербер 1-1 / 2-2
3 Квитова 1-1 / 2-2
4 Сафарова 0-2 / 0-4
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце