-->
-->
Мастерс: Надал со победа го потврди полуфиналето
-->
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го совлада попладнево својот сонародник Давид Ферер во дуелот од 3.коло од групата „Илие Настасе“ од Мастерсот што се игра во Лондон. Надал ја доби „шпанската пресметка“ со 2:1 во сетови, а Ферер водеше со 1:0. Првиот сет му припадна на Ферер во тај брекот со 7:6 (7:2 на поени), додека следните два ги доби Надал со 6:3 и 6:4 во гемови. Така Надал со максимални три победи го освои првото место во групата и го потврди пласманот во полуфиналето.
Утре тој во првото полуфинале на Мастерсот ќе игра против Новак Ѓоковиќ, кој беше второпласиран во групата „Стен Смит“. Рожер Федерер кој беше прв во таа група во второто полуфинале ќе игра со победникот од мечот меѓу Енди Мареј и Стан Вавринка.
Овој дуел на програмата е вечерва со почеток во 21 часот, а и двајцата тенисери имаа по една победа (над Ферер) и еден пораз (од Надал) по двата одиграни меча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје