Масовни протести во Франција: Речиси 1.000 приведени, судири со полицијата и стотици илјади демонстранти

Франција беше зафатена од масовни протести во саботата, при што во повеќе градови дојде до инциденти, насилство и судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Според објавените информации, речиси 1.000 лица биле приведени, а за обезбедување на јавниот ред биле ангажирани околу 70.000 полицајци и жандарми.
Проценките за бројот на учесници во протестите значително се разликуваат. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека на улиците излегле околу 410.000 луѓе, додека синдикатот ЦГТ тврди дека бројката достигнала 800.000.
Во Париз, според полициските податоци, протестирале околу 110.000 граѓани, додека синдикатот проценува дека имало приближно 250.000 демонстранти.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека најголемиот дел од собирите поминале мирно, но дека одредени групи предизвикале нереди и се обиделе да извршат кривични дела.
Инциденти биле регистрирани во неколку градови низ земјата.
Во Марсеј биле ограбени две златарници, додека во Ница биле приведени 61 лице.
Во Тулон бројот на приведени достигнал 64, а во Каен биле приведени уште 16 демонстранти.
Во Клермон-Феран едно лице се здобило со тешка повреда на раката.
Во Тур, пак, избувнал пожар во филијала на банка, при што постоела опасност огнот да се прошири кон соседните станбени објекти.
И покрај забраната за одржување на собирот во Монпелје, на улиците протестирале околу 6.300 луѓе.
Во овој град биле приведени осум лица, а двајца полицајци биле повредени.
Напнато било и во француската престолнина, каде што полицијата интервенирала за да ги растера преостанатите демонстранти.
За следење на состојбата бил ангажиран и хеликоптер.
Француските власти соопштија дека бројот на приведени би можел дополнително да се зголеми, додека надлежните служби продолжуваат да ги документираат инцидентите и да ги проценуваат последиците од протестите.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Струмица, минимална температура од нула степени на Попова Шапка, денеска врнежи низ земјава
-

ДИК: Излезноста во вториот круг од изборите во Брвеница до 9 часот е 3,98 проценти, гласале 646 граѓани
-

Втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница
-

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето на 6,3 милијарди долари во крипто-валути
-

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
