Масовна средба во природа на лица со телесен инвалидитет

Во организација на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија денеска во Спортско-рекреативнот ценатар на езерото Треска во Сарај, ќе се одржи петтата Масовна средба во природа на лица со телесен инвалидитет.
На овој масовен излет во природа, се очекува да присуствуваат 350 до 400 лица со телесен инвалидитет од целата држава.
- Оваа средба во природа се организира под мотото „Сплотени, достоинствени и силни“ со што испраќаме порака дека обединети и организирани имаме сила да се избориме за нашата позиција во општеството како еднакви со другите. Тоа го правиме достоинствено како наше право и обврска на општеството кон нас, посочуваат организаторите.
Целта на Мобилност Македонија како национална инвалидска организација во чиј состав делуваат 16 општински и меѓуопштински инвалидски организации на лица со телесен инвалидитет е да ја подобри сегашната состојба и во соработка со надлежните институции да ги надмине пречките и да овозможи поквалитетен, посигурен и подостоинствен живот за лицата со телесен инвалидитет кои според Уставот и законите се рамноправни со останатата популација во државата.
Ново на Сител
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
