-->
-->
Маскерано ќе ја заврши кариерата во Барса
-->
Аргентинецот Хавиер Маскерано, во петок, ќе го продолжи договорот со Барселона на уште една година, што значи дека дресот на каталонскиот гигант ќе го носи до јуни 2019 година, потврдил спортскиот директор на Барса, Роберт Солер.
Хавиер Маскерано на „Ноу Камп“ пристигна од Ливерпул во 2010 година, а претходно го носел дресот на Ривер Плата, Коринтијанс и Вест Хем Јунајтед. Интересно нема постигнато ниту еден гол во досега одиграните 289 натпревари за Барселона.
Со клубот има освоено 16 трофеи, меѓу кои два во Лигата на шампионите и четири во шпанското првенство.
За Аргентина настапил на 133 натпревари, на кои постигнал три гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива