Мас: Германија и натаму ќе и ја поддржува Македонија
- Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ја поздрави одлуката на ЕУ за Македонија и Албанија и побара од двете земји тоа да го сфатат како поттик.
- Европската Унија оваа недела донесе важна одлука: од 2019 година може да започнат преговорите за приклучување со поранешната југословенска Република Македонија и Албанија. Многу се залагавме за овој силен насочувачки сигнал, со кој им се оддава признание на реформските напори од последните години. Преговарачкиот процес во Брисел не беше секогаш лесен, но нѐ радува што на крајот беше можен компромис на сите 28 земји членки на ЕУ. Апелирам до сите политичари во Скопје и во Тирана овој успех да го сфатат како поттик за ангажирано продолжување на реформите. Германија во тоа и натаму целосно ќе ги поддржува, вели Мас во изјава за Дојче веле.
Германскиот министер за надворешни работи и на средбата што ја имаше во средината на овој месец со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, вети дека Германија ќе лобира активно во Франција, Холандија и други земји на ЕУ за Македонија да добие датум за почеток на преговори.
- Ние на македонското население треба да му испратиме важен сигнал дека се исплати да се следи европската перпсектива, рече Мас во Берлин по средбата со Димитров.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
