Марта Кос на дебата со членовите на АФЕТ, меѓу темите и проширувањето на ЕУ
Проширувањето, Украина и соседската политика на ЕУ ќе бидат главни теми на денешната дебата во Брисел на еврокомесарката за проширување Марта Кос со членови на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
- Состојбата со преговорите за проширувањето, агресивната војна на Русија против Украина и политиката на ЕУ кон соседството ќе бидат меѓу приоритетните теми од тековната работна програма на Комисијата за кои европратениците ќе дискутираат со комесарката Кос, соопшти Прес-службата на Европскиот парламент.
Инаку, дебатата на Кос со членовите на АФЕТ се одржува пред утрешната седница на Комитетот на чиј дневен ред, меѓу останатото, е и усвојувањето на Предлог-извештајот за земјава на известувачот на ЕП, Томас Вајц. Предвидено е Извештајот да биде конечно усвоен на јулското пленарно заседание на Европарламентот.
Покрај за Извештајот за земјава, членовите на АФЕТ утре треба да гласаат и за предлог-извештаите за Албанија, Босна и Херцеговина и Грузија, како и за Предлог-извештајот и препораките за Договорот за подобрено партнерство и соработка меѓу ЕУ и Киргистан.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по Рамковниот - Заедно сме посилни
-
Што е постигнато со Рамковниот договор на економски план?
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка