-->
-->
Марсијал најдобар млад играч во Европа
-->
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал е прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа.
Наградата која во 2003 година започна да се доделува по иницијативата на италијанскиот Tuttosport е наменета за фудбалерите кои имаат помалку од 21 година. Најдобриот го озбираат новинари од 30 европски медиуми, меѓу кои се L`equipe, Marca и The Times.
Марсијал (20) ја освои наградата „Златно момче“, во конкуренција на крилниот играч на Баерн, Кингсли Коман и играчот на Арсенал Хектор Белерин.
Марсијал е трет фудбалер на Манчестер Јунајтед кој ја добил оваа награда по Вејн Руни (2004) и Андерсон (2008). Минатата година оваа награда му припадна на Рахим Стерлинг, а меѓу добитниците се и Лео Меси, Сеск Фабрегас, Серхио Кун Агуеро и Пол Погба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд