Марс порано имал езера во кои можело да се развива живот
Куриозити во кратерот Галеов открил траги кои говорат дека тука некогаш имало голема водена површина и тоа во подолг период, што можеби помогнало во развојот на живот.
За само неколку недели нашата слика за Марс драстично се промени. Кон крајот на септември НАСА објави дека на Црвената планета и денес има вода во течна состојба, а сега новите податоци од роверот Куриозити открија дека порано имало многу повеќе вода од што се сметало до сега.
Освен тоа, водата на површината на Марс постоела во подолги периоди во услови кои можеле да поддржуваат живот.
Ровер во Галеовиот кратер истражува сегменти на карпи, а неговата длабочина и ситниот песок на дното покажуваат дека тука имало големо езеро и тоа во подолг временски период, објавија во списанието Сајенс.
Ова откритие дополнително ја поддржува теоријата дека Марс порано имал доволно атмосферски притисок и климатски услови во кои водата не се смрзнувала.
Секако, ова откритие не може да потврди дека имало живот на Марс, но укажува дополнително на потребни услови во кои можеле да се развиваат микроби.
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови