-->
-->
Марко Симоновски ќе ги пропушти квалификациите за Евробаскет 2017 !?
-->
Марко Симоновски најверојатно нема да може да и се приклучи на кошаркарската репрезентација на Македонија во квалификациите за претстојното Европско првенство во 2017 година.
Поради повреда на грбот Симоновски не се појави на стартот на подготовките, а по разговорот Драган Раца македонскиот селектор информира дека одличниот бек-шутер најверојатни воопшти и нема да и се приклучи на селекцијата.
„Разговарав со Симоновски, но засега нема ништо конкретно. Проблемот е во тоа што повредата е од посериозен карактер, односно, бара мирување. Реално, шансите Симоновски да ни биде на располагање за квалификациите се многу, многу мали. Не велам дека јас не сметам на него, напротив, би сакал да го имам во тимот, но реалноста е таква да тој нема тренирано со екипата, а не се знае ни кога би можел да почне да работи со нас“, изјави селекторот Раца.
Доколку и дефинитивно Симоновски ги пропушти квалификациите, тоа ќе биде дополнителен проблем за македонската репрезентација и селекторот Раца кој се соочи со неколку откажувања пред се на искусните, Антиќ, Чековски, Самарџиски и Мираковски, по што уследи и суспензијата на Бојан Трајковски кој поради недисциплина беше исфрлен од тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло