Маркација на планинска патеката од Калин Камен до Царев Врв

Членовите на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка извршија зимска маркација на потегот Калин Камен- Царев врв.
- Долж планинарската траса врв Калин Камен - Царев Врв поставени се метални столбови за полесна ориентација на љубителите на планинарењето кои решаваат да ја минат исклучително атрактивната, живописна патека. Во должина од седум километри се поставени 26 метални столбови во висина од три метри, изјави Соцко Тасевски, од ЗПЗП „Калин Камен“, координатор на проектот за зимска маркација.
Проектот, како што рече, се реализира по согледување на неопходноста од ваква активност која за прв пат е извршена на оваа страна од Осоговските Планини што и припаѓа на Крива Паланка.
- Вложивме сопствени средства и ја завршивме маркацијата која е важна пред претстојните акции планирани со годишната програма на Здружението, Периодов ни претстои учество во искачување на Галичица,на врвот Магаро, по што на 22 октомври ја организираме традиционалната „Комитска патека“ за која уште отсега имаме најави за учество на голем број планинари од земјава и соседството, додаде Тасевски.
Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ е формирано во февруари 2015 година. Брои стотина активни членови, а досега има организирано триесетина планинарски акции од дел се влезени и во годишната програма на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија.
Ново на Сител
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
-

Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
