Марин Докузовски носител на листа на советници на СДСМ во Карпош
Поранешниот тренер на Работнички, МЗТ Скопје, Академик, Поло Трејд и Приштина, како и селектор на македонската репрезентација Марин Докузовски, ќе биде носител на листата на советници на партијата СДСМ во општината Карпош, на претстојните локални избори.
Трофејниот стручњак ќе биде адут на владејачката коалиција во општината која важи за „бастион“ на оваа партија, а во која за градоначалник е кандидиран Душко Весковски. Со оглед на тоа што е носител на листата, а и со неговата популарност, нема сомнение дека Докузовски ќе влезе во Советот на Карпош.
Во својата тренерска кариера која трае повеќе од три децении, Докузовски освои 11 национални титули од кои седум во Македонија (сите со Работнички), три во Бугарија (со Академик) и една во Косово (со Приштина) и шест купа од кои три во Македонија и три во Бугарија.
Влезот во политиката на Докузовски доаѓа на точн0 една деценија од најголемиот успех во историјата на македонскиот репрезентативен спорт. Тој беше селектор на кошаркарскиот национален тим на Европското првенство во Литванија, кога Македонија го освои четвртото место и за малку не дојде до медал.
Ново на Сител
-

Се одложи стартот на судењето за екс вицепремиерот Груби, адвокатите побараа увид во доказите
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
