Маричиќ: Откако сум министер немало промена на закон без вклученост на граѓанскиот сектор
Граѓанскиот сектор кога беше најпотребно и во најтешките моменти за државата се постави како брана на авторитаризмот и беше клучниот фактор кој се бореше за демократизација на државата, рече министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на настанот „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“.
Тој ја потенцираше улогата на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, како советодавно тело на Владата за унапредување на соработката, дијалогот и поттикнување на развојот на граѓанскиот сектор.
-Во изминатите седум-осум месеци откако сум во Министерствoто за правда, немало промена на закон без вклученост на претставници на граѓанскиот сектор, а особено сум среќен поради грантовите за граѓанските организации – даватели на примарна бесплатна правна помош, бидејќи заштитата на човековите права е јавен интерес и заслужува институционална поддршка, потенцираше Маричиќ.
Според министерот за правда, за натамошно доследно почитување на принципот на партнерство со невладиниот сектор потребно е секое министерство во рамките на своите надлежности да гради партиципативна култура, да вклучува што е можно поголем број на граѓански организации во својата работа и да создава стимули за поголема вклученост на граѓанските организации во општеството.
Ново на Сител
-

Ива Михајлова е во Бугарија, молк од институциите како ја поминала границата
-

Стартува Безбеден град во Охрид
-

СДСМ: Мицкоски објавува анкети со пад на довербата од 40% и ги убедува граѓаните дека живеат подобро
-

ВМРО-ДПМНЕ: На анкетите јасно се гледа дека Филипче има рејтинг од 3%
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
