Маричиќ од Брисел: Обезбедивме европска иднина, пред нас е период на големи предизвици
– Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска присуствуваше на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Унија, од каде испрати честитки до граѓаните по повод почетокот на преговорите, со кои за земјата и граѓаните е обезбедена поинаква и подобра иднина.
– Сè што правевме досега, сите напори, труд и заложбата кои ги вложивме во процесот на евроинтеграција и негово деблокирање, е направено за нашите граѓани да живеат подобро и како сите останати европски народи, пишува на својот фејсбук профил Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ, како што соопштија од СЕП, вели дека со денешната првата Меѓувладина конференција ги отвара преговорите со Унијата, со што формално станува дел од процесот на пристапување кон големото европско семејство и дека овој пат има само еден крај-полноправно членство на МК во ЕУ.
– Пред нас е период на големи предизвици во кој уште повеќе ќе мора да работиме и да се посветиме на реформите, за да ја оправдаме довербата што ни ја укажа ЕУ, но и да ги реализираме очекувањата на нашите граѓани, додава Маричиќ.
Според вицепремиерот Маричиќ ова е најважниот настан за Северна Македонија после членството во НАТО, со што Северна Македонија исполнува уште една стратешка цел, која го одредува патот по кој треба да тргне нашето општество.

Денеска во Брисел, владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, присуствиваше на првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со Европската Унија, на која беа презентирани општите политички ставови на двете страни. Најпрвин, Европската Унија ја претставува генералната позиција на Европската Унија, по што земјата кандидат ја претставува својата генерална позиција.
По завршувањето на меѓувладината конференција ќе се одржи состанок за отворање на скрининг, што ќе го отворат еврокомесарот за проширување Вархеји и вицепремиерот Маричиќ.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
