-->
-->
Мареј: Сакав да играм напаѓачки без разлика на резултатот
-->
Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј во три сета го совлада британскиот тенисер Кајл Едмунд и обезбеди пласман во осминафиналето на турнирот во Вашингтон.
Ова е втора победа во низа за Мареј или вкупно трета за период од една година и изјави дека е задоволен од начинот на кој играл против неговиот сонародник Едмунд.
- Ова беше многу подобар натпревар. Во претходниот само се бранев и тоа не е начинот на кој сакам да играм. Разговаравме за тоа со тренерот и против Кајл сакав да играм напаѓачки без разлика на резултатот. Тоа го направив и навистина сум задоволен, истакна Мареј.
Тој го совлада помладиот сонародник со 7:6, 1:6 и 6:4 за два часа и 34 минути игра.
Мареј во осминафиналето ќе се соочи со романскиот тенисер Мариус Копил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол