-->
-->
Марадона бара средба со репрезентативците
-->
Најголемата ѕвезда на аргентинскиот фудбал Диего Марадона побарал од Фудбалскиот сојуз на Аргентина и селекторот Хорхе Сампаоли да му дозволат тој насамо да поразговара со фудбалерите.
Аргентинската фудбалска икона е разочаран од настапите на „гаучосите“ на светското првенство, особено поради дебаклот против Хрватска. Овој пораз може да ја елиминира Аргентина од мундијалот по завршувањето на првата фаза.
„Секогаш кога го носев дресот на Аргентина, давав се од себе. Легендите кави се Симеоне, Редондо, Ругери, Каниџа, Филол, Луке, Гаљего го правеа истото. Сакам да поразговарам со играчите и да им објаснам што значи да се носи дресот на репрезентацијата“, рекол Марадона.
Решавачкиот меч за пласман во втората рунда Аргентина го игра во вторник од 20 часот против Нигерија, а во исто време Исланд не треба да слави против Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ