МАНУ: Постоењето на македонскиот јазик е факт, секоја расправа е беспредметна
Постоењето на македонскиот јазик е факт, меѓународно верификуван од светската лингвистичка наука. Оттука, секоја расправа за оваа проблематика ја сметаме за беспредметна и спротивна на духот на меѓусебната соработка на МАНУ и БАН, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Во соопштението се посочува дека Претседателството на МАНУ денеска одржа седница на која се произнесе за ставот на Бугарската академија на науките (БАН) за македонскиот јазик.
На седницата, како што соопштува Академијата, е заклучено дека Владата треба да им даде поголемо значење и фианнсии на проектите за научно истражување на македонскиот јазик.
– Ја користиме оваа пригода да апелираме до Владата на Република Македонија за потребата проектите за научно истражување на македонскиот јазик врз кои работи МАНУ и другите соодветни институции, во иднина да добијат приоритет и позначајна финансиска поддршка од Владата, соопшти МАНУ.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори