-->
-->
Mанекенка поради тампон, останала без нога!
-->

На Лорен Васер животот целосно ѝ се променил кога доживеала токсичен шок. Оваа манекенка била заштитно лице на многу брендови и красела многу насловни страници, сè додека не доживеала токсичен шок од користење на тампони.
Оваа манекенка била заштитно лице на многу брендови и красела многу насловни страници, сè додека не доживеала токсичен шок од користење на тампони. Почнало така што Лорен се чувствувала лошо, како да ќе добие грип. Носела тампон од и знаела за правилото дека тампонот треба да се промени на секои 34 часа, што го направила еден ден пред да заврши во болница.
Следното на што се сеќава е дека на вратата од станот ѝ тропал полицаец кој дошол да провери дали е сè во ред, на повик од нејзината другарка која се загрижила затоа што Лорен не се јавува.
Таа била одведена во болница со висока температура, внатрешните органи почнале да и’ откажуваат и доживеала силен срцев удар. Лекарите не можеле да утврдат што се случува додека не дошол инфектолог кој веднаш прашал дали таа носи тампон.
Подоцна, лабораториската анализа покажала дека станува збор за синдром токсичен шок. За жал, тоа предизвикало гангрена и Лорен останала без десната нога под колено, а дала сè од себе за да не остане и без левата, на која на крајот ги изгубила прстите, но ѝ трансплатирале кожа од стапалото и денес нормално ја користи.
-Сакав да се самоубијам кога ми се случи сето тоа, рекла Лорен.
Важно е да се напомене дека нема самиот тампон да ја предизвика наведената состојба, туку личноста во телото мора да има присутна бактерија стафилокока (а, околу 20% од популацијата ја имаат). Со оглед на тоа што сè повеќе познати производители на тампони користат синтетички материјали за изработка на тампони, бактериите „цветаат” во такво окружување и постои поголема шанса за развој на токсичен шок.
Уште додека нејзината ќерка била во болница, мајката на Лорен подигнала тужба против производителите на тампони со желба да укаже на штетноста од користење на синтетички материјали во тампоните. Тужбата тврди дека на девојките и жените намерно не им се укажува на штетноста од тампоните и дека производителите не сакаат да користат природни материјали, пишува Daily Mail.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
-

13 лица повикани на информативен разговор поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
-

Евакуации по морски пат од плажата во Сивири поради големиот пожар | ВИДЕО
-

Предметот против против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
-

Пожар на првиот крак на Халкидики – пораки од бројот 112 за евакуација на Сивири и Фурка
-

Нов топлотен бран во Европа: Над 340 милиони луѓе под влијание на температури над 30 степени
-

Вложуваме во заедницата кога е најпотребно: Flex Credit донираше 10 тони вода за вработените, клиентите и жителите на Гостивар
-

ЦУК: Девет активни пожари на отворен простор до 13 часот, два се под контрола, а два изгаснати
