-->
-->
Манекенка доживеа шок: Ја заболел стомакот, отишла во тоалет и се породила – не знаела дека е бремена
-->
Ќерката Исла и мајката се добри и се навикнуваат на заедничкиот живот што aвстралиската манекенка Ерин Лангмаид (23) не го очекувала пред две недели, пишува „Дејли мејл“. Ерин од Мелбурн работела цело време и тврди дека користела контрацептивни инјекции.
Таа немала трудничко стомаче, утринско гадење или други знаци на бременост, а на денот кога се родила Исла, се чувствувала лошо. Таа не забележала дека облеката ѝ е тесна.
„Ништо не укажуваше дека нашата ќерка е тука. Тоа беше најголемиот шок во мојот живот“, им порачаа Ерин и нејзиниот партнер Дан Карти на новинарите.
Отишла во тоалет, а десет минути подоцна ја држела ќерката, која е родена здрава и била тешка 3,6 килограми. Дан слушнал дека нешто се случува во бањата, влегол и се изненадил кога го видел бебето.
Исла престанала да дише по раѓањето, па Дан повикал брза помош за да помогне во спасувањето на животот на бебето. Девојчето е родено во 37. недела од бременоста, но Ерин не знаела дека е бремена.
Според статистичките податоци, една од 500 жени не знае дека е бремена до 20. недела, а една од 2.500 жени ја открива бременоста дури кога ќе почне да се пораѓа. Новата мајка тврди дека немало начин на кој ќе открие порано дека е бремена, но таа и нејзиниот партнер со воодушевување ја дочекале улогата на родители на убавата Исла.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата