Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата
Екипите на Манчестер сити, на Челзи и на Њукасл ќе играа во Лигата на шампионите следната сезона. Трите екипи учеството во елитното натпреварување го заверија во денешното, последно коло од Премиер лигата.
Манчестер сити победи на гостински терен против Фулам со 2:0 со головите на Илкај Гундоган и Ерлинг Халанд кој реализираше пенал.
Челзи го победи Нотингем Форест со 1:0 со погодокот на Леви Колвил.
Њукасл загуби со 0:1 од Евертон, но во прилог му одеше поразот на Астон вила загуби (0:2) од Манчестер јунајтед.
На крајот од сезоната, Манчестер сити (3. место во Премиер лигата), Челзи (4. место) и Њукасл (5. место) си обезбедија место во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26. Астон Вила заврши шеста и ќе учествува во Лигата на Европа. Нотингем, кој заврши на седмото место, ќе треба да се задоволи со учество во Конференциската лига.
Претходно место во ЛШ обезбедија Ливерпул и Арсенал (1 и 2.место), како и Тотенхем – освојувач на Лига Европа.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер