-->
-->
Манастирот св.Јоаким Осоговски неодминлива дестинација на странските туристи
-->

Во ден сосема обичен, како денешниот, кога сонцето ги распостела зраците низ облаците на неколкувековните куполи, и кога амбиентот на манастирскиот комплекс црцорењето на птиците е единствениот звук кој го раскинува молкот на универзумот, вниманието ми го привлече група туристи од Германија.
Група од педесетина туристи по само неколку чекори во сакралниот простор беа воодушевени од убавината на просторот, од хармонијата која зрачи од секој сегмент на окружувањето.
– Дојдени сме од Баварската област, од градот Меминген, оддалечен стотина километри од Минхен. Сите сме на туристичка тура во Северна Македонија, со рута низ убавите стари историски и културни споменици и градови. Ипресионирани сме од богатството на историски знаменитости, од зачуваните културни добра кои носат приказни, за ентитетот на народот, кои чуваат спомени. Бевме во Скопје, го запознавме и модерниот урбан центар, но и старата скопска чаршија, подеднакво убави и привлечни.
Сега сме во неколкучасовна посета на манастирот, кој на прв поглед не плени. Не можам да објаснам како, едноставно сум исполнет со смиреност и ја пијам свежината на просторот, рече Бернард Хајке од Германија.
Според него, Скопје е град со многу лица, модерно, античко, урбано- античко, а старите градби во државата се она што е магнет за туристите.
– Она што му недостига на Скопје е “црвена линија” – велосипедска патека низ целиот град. Селата и останатиот дел од државата се сиромашни, но монументалните градби како манастирот и останатите стари градби низ земјата се привлечни и мистични, што сигурно ќе биде причина повторно да дојдеме, додаде Хајке.
Рече дека туристичката маршута им отпочнала од Грција, па Северна Македонија, а продолжува во Република Бугарија, до посета на Софија.
Водичот ги запозна Баварците со житието на свети Јоаким Осоговски, со историјата за изградбата на црквата и манастирот,со значењето на овој сакрален дом низ вековите за сите граѓани, верници и мештани.
Манастирот претставува милениумско духовно светилиште на Осоговијата, на Кривопаланечкиот крај, кое покрај автентичноста во архитектурата, постојано се надградува амбиентално, зачувувајќи ја структурната целина.
Во месецот кога се прославува големиот христијански празник Велигден, во тек се подготовки од страна на Кумановско – Осоговската епархија за празничните денови кои претстојат.
Од влезната капија на долот пред “казаницата” се обновува постојниот асфалтен пат,се гради калдрма.
Во самиот манастирски храм е поставен нив раскошен лустер кој го надополнува свечениот амбиент, а управата на хотелот “Манастир” веќе ги одбројува последните места за сместување, за кои постои голем интерес, од туристи од Кина, Холандија, Германија, Бугарија.
Ирена Белешковска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП