МАН ја осудува изјавата на Заев за медиумите

Македонската асоцијација на новинари (МАН) соопшти дека најостро ја осудува изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев кој, се вели во соопштението, како свои политички непријатели ги легитимираше медиумите.
- Бараме од сите медиуми, посредникот Питер Ванхауте и ВМРО-ДПМНЕ веднаш и неодложно да ги напуштат политичките преговори за медиумите, бидејќи тоа е кроење на закони (според изјавата на Заев) со неговиот политички непријател. Уште еднаш повторуваме дека остануваме на повикот до нашите членки да не ги покриваат престојните вонредни избори, доколку продолжи ваквиот однос на опозицијата со директни закани, уцени и обид за замолчување, се вели во соопштението.
МАН бара СДСМ „сериозно да размисли за изјавите и постапките на својот претседател Зоран Заев“.
- Човекот кој бизнисот го претвори во рекет и корупција, политиката во лузерство, сега е во војна со медиумите и тоа отворено го признава. Бараме СДСМ да се огради од изјава на Заев и да започне постапка за негова смена. Доколку не го сторат тоа- освен бојкот на изборните активности, ќе ги повикуваме нашите членки да ја бојкотираат работата на СДСМ целосно. Истовремено, бараме итен состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и САД по оваа директна закана до медиумите од претседателот на СДСМ Зоран Заев, наведува МАН во соопштението.
Ново на Сител
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Ставен под контрола пожарот во Преспа кој навлезе во Националниот парк Пелистер
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
