Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени

Сериозен и трагичен инцидент се случил во училиште во Московскиот регион утрово кога малолетник со нож нападнал луѓе во образовната институција. Петнаесет-годишник е уапсен во селото Горки, во близина на Москва, откако е осомничен за убиство на десет-годишно момче. Тешко ранил уште тројца ученици и еден обезбедувач, во напад врз училиште.
Според достапните информации, тинејџерот Т.К. е ученик во деветто одделение во училиштето. Тој го започнал нападот така што дошол вооружен, прво го испрскал обезбедувањето со спреј, а потоа го прободел со нож. Потоа влегол во училиштето и почнал да ги напаѓа децата.
Медиумите известуваат дека напаѓачот имал фантомка на главата и носел бела маица со црн натпис „Ниеден живот не е важен“. Сè уште не е познато дали ги нападнал децата случајно или имал однапред одредени цели.
Едно момче починало од повредите, додека уште тројца ученици биле тешко повредени. По нападот, кога полицијата веќе била во училиштето, осомничениот зел едно дете како заложник и се заклучил во училница со него, држејќи нож на вратот. Полицијата успеа да ја скрши вратата и да го совлада пред да се случат дополнителни повреди.
Напаѓачот се снимил себеси како носи нож и напаѓа.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како целосно опремени полицајци го приведуваат осомничениот и го ставаат во патролно возило. Голем број полициски патролни возила и амбулантни возила се на местото на настанот.
Според неофицијални информации, во куќата на момчето се пронајдени предмети што укажуваат дека нападот бил планиран, а наводно се откриени и импровизирани експлозивни направи.
МИА
Ново на Сител
-

Одреден 48-часовен притвор за сопругот на починатите жена и дете од Карпош
-

Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите
-

Пронајдена дрога кај војник - Се огласија од Армијата
-

Американската војска вели дека нападнала над 1.700 цели во операцијата во Иран
-

На обиколницата Скопје - Тетово по излетување од коловоз загина едно лице
-

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе заврши војната, подобро е ако Иран не го води Пахлави
-

Силни експлозии низ Доха, Дубаи и Абу Даби
-

Иран забрани извоз на храна во услови на војна
