Малолетник од Скопје крадел во куќи и станови низ Струга
Малолетник од Скопје доби кривична пријава од Полициската станица во Струга поради постоење основи на сомнение за сторени девет кривични дела од кои пет „тешка кражба во обид“ и четири „одземање на моторно возило“.
СВР Охрид соопшти дека пријавениот, роден 1998 година, тешките кражби ги извршил во текот на септември и октомври годинава.
- Една кражба направил во куќа во селото Радожда и четири во станови во Струга и населбата „Езерски Лозја“. Малолетникот користел подесен алат - „топокршач“ и насилно ги отворал влезните, како и балконските врати во куќите и становите, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Пријавениот, како што истакна, бил на издржување казна затвор во Воспитно поправниот дом - малолетнички затвор Велес, од каде во текот на август годинава користел одмор по што не се вратил назад, односно бил во бегство. На седми октомври, бил приведен во полициската станица во Чаир, а потоа спроведен во Воспитно поправниот дом Охрид за издржување казна затвор.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување