Макстил: Причините за пожарот непознати, Челичарница не работи од 29 април

Од компанијата „Макстил“ каде синоќа беше запалено отпадно железо денеска информираа дека причините за пожарот се уште не се познати бидејќи погонот Челичарница не работи од 29 април.
Во соопштението се наведува дека пожарот е изгаснат и оти се преземаат мерки за утврдување на причините за негово настанување.
- Нема повредени и нема причинета материјална штета. На терен од сношти се инспекциските служби и раководството на компанијата. Сите дополнителни информации во врска со настанот ќе и бидат соопштени на јавноста, се вели во соопштението.
Пожарот избувна синоќа, а во неговото гаснење учествуваа 21 пожарникар со девет возила, но поради високата температура и густиот чад дополнително биле побарани три цистерни со вода од Комунална хигиена, три цистери од Водовод и едно противпожарно возило од рафинеријата „ОКТА“.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
