Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека Русија итно треба да престане со одложување на тактиките и да го прифати безусловниот прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Помина речиси еден месец откако Русија не само што го отфрли, туку го засили бомбардирањето на цивили со дополнителни трагични загуби пред неколку дена во Украина“, рече Макрон за време на посетата на Каиро.
Претседателот на Франција рече дека ја поддржува целта за ставање крај на војната, целта кон која се стреми претседателот Трамп и додаде дека е потребен „цврст и траен мир кој ја гарантира безбедноста на Украина и на сите Европејци“.
„Затоа сега итно Русија да ја прекине својата тактика на одложување и да го прифати безусловниот прекин на огнот што беше предлог на претседателот Трамп, предлог на кој (украинскиот претседател) Володимир Зеленски се согласи во Џеда на 11 март“, додаде Макрон.
Во неделата, Зеленски изрази жалење поради отсуството на американски „одговор“ на „одбивањето“ на рускиот претседател Владимир Путин да прифати целосен и безусловен прекин на огнот во Украина, по последните смртоносни напади, особено во Киев.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд