Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот

Францускиот претседател Емануел Макрон го оцени како „добра иницијатива“ писмото што украинскиот претседател Володимир Зеленски му го испратил на рускиот претседател Владимир Путин со предлог за директна средба меѓу двајцата лидери.
– Отсекогаш сме поддржувале директни преговори меѓу Украина и Кремљ – изјави Макрон за време на посетата на Црна Гора.
Тој нагласи дека токму Украина и Русија треба да го изградат патот кон прекин на огнот и кон мировен договор.
– Сметам дека Украина и Русија можат да го трасираат патот и кон прекин на огнот и кон мировен план. Европејците можат да помогнат во тој процес – рече францускиот претседател.
Макрон оцени дека е дојден моментот за обновување на разговорите со цел постигнување траен мир меѓу двете земји.
– Моја желба е да гледаме напред и да утврдиме како повторно да воспоставиме дијалог за да изградиме примирје и мир – изјави тој на маргините на средбата меѓу Европската Унија и земјите од Балканот.
Според него, развојот на настаните создава услови за нов дипломатски импулс.
– Мислам дека моментот е соодветен, имајќи го предвид развојот на ситуацијата – додаде Макрон.
Францускиот претседател истовремено ги покани во Париз, по повод националниот празник на Франција на 14 јули, државите што учествуваат во таканаречената Коалиција на подготвените, формирана со цел обезбедување безбедносни гаранции за Украина.
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
