Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека на денешниот состанок било „едногласно договорено“ дека „сега не е време за укинување на санкциите против Русија на кој било начин“.
– Не може да има укинување на санкциите пред да се воспостави мир, додаде Макрон.
Тој соопшти дека е донесена одлука да им се наложи на министрите за надворешни работи од коалицијата на подготвените да достават предлог за тоа како би можело да се надгледува евентуално примирје. За тоа имаат рок од три недели.
Дополнително, Макрон најави дека Велика Британија и Франција ќе испратат делегација во Украина за да соработуваат со украинските вооружени сили и да им помогнат во планирањето на идните чекори.
По разговорите со британскиот премиер Кир Стармер, Макрон изјави дека тие двајца ќе им наложат на воените команданти да организираат испраќање на француско-британски тим во Украина во наредните денови за тесна соработка со украинските партнери.
Францускиот претседател потоа зборуваше за тоа како ова ќе ѝ помогне на коалицијата во иднина.
Според него, коалицијата ќе испитува „кој формат е потребен во однос на бројот на војници, како и каква опрема и техника се неопходни за одговор на идната руска агресија и за спречување на какви било агресивни руски дејствија“.
– Ова ќе ни овозможи да влеземе во фаза на планирање за да го разјасниме придонесот на секоја членка на коалицијата и да ѝ дадеме на Украина јасна слика за многу прецизен акциски план кој сакаме да го спроведеме“, заклучи Макрон.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер