Макрон најави нов самит за Украина следната недела
Францускиот претседател Емануел Макрон најави нов самит на земји кои се подготвени да помогнат во гарантирањето на евентуалниот мировен договор меѓу Украина и Русија.
По самитот на лидерите на земјите од Европската унија вчера во Брисел, Макрон најави дека следниот четврток во Париз ќе се одржи нов самит за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да присуствува, рече Макрон.
– Ќе ја финализираме нашата работа за поддршка на украинската армија и ќе изградиме одржлив и отпорен воен модел за да ги спречиме идните руски инвазии, напиша Макрон на X.
– Ние, исто така, ќе ги дефинираме безбедносните гаранции што можат да ги обезбедат европските сили. Ние сакаме да го заштитиме мирот, додаде тој.
Макрон рече дека на Украина и е потребна веродостојна поддршка за да се осигура дека секој можен прекин на огнот ќе се одржи. Тоа би ја зајакнало и нејзината позиција во можните преговори.
Состанокот во Париз има за цел да се надоврзе на напредокот постигнат на разговорите на воено ниво вчера во Лондон. На нив присуствуваа претставници на повеќе од дваесетина европски и неевропски земји.
Макрон и британскиот премиер Кир Стармер ја предводат иницијативата за формирање на таканаречена „коалиција на подготвените“, која би била составена од нации подготвени да понудат војници или поддршка на мировните сили во случај да се постигне мировен договор за запирање на војната меѓу Русија и Украина, која трае повеќе од три години, потсетува ДПА.
Досега во дискусиите беа вклучени не само лидерите на земјите од НАТО и ЕУ, туку и претставници од други земји, вклучувајќи ги Австралија и Нов Зеланд.
Дискусиите вклучуваат прашања и дали и под кои услови европските сили би можеле да придонесат за обезбедување прекин на огнот.
Велика Британија и Франција во принцип ја покажаа својата отвореност за испраќање копнени трупи во Украина. Сепак, тие инсистираат на вклучување на САД во случај на ескалација.
Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави дека и неговата земја размислува да испрати војници.
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите