„Макпрогрес“ од Виница ќе отвора Институт за истражување и развој на кадри
Компанијата „Макпрогрес“ од Виница планира да отвори Институт за истражување и развој на кадри за да им овозможи на младите од регионот професионално да се насочат, да се образуваат и полесно да се вработат.
Ова беше истакнато на отворениот ден за матурантите, што компанијата го организираше во соработка со граѓанската иницијатива „Сакам да останам“ од Битола. Средношколците од повеќе образовни насоки уште во текот на оваа зима или веднаш по завршувањето на средното училиште, преку практична работа ќе можат да се доусовршуваат за професии што се подобро платени.
– Отворањето на развојниот институт треба да овозможи унапредување и на производната програма, но и на непходните кадри во производството, како и соработка со старт-ап компании, можности за туристички посети, за презентации и слично. Се работи за Академија со три курса – менаџмент, продажба и маркетинг, мехатроника, како и во делот на прехранбената технологија каде ќе обучуваме наши вработени за контрола на квалитетот. Во моментот се подготвува техничкиот проект за Институтот и штом добиеме дозвола за градба очекуваме да биде готов во втората половина на идната година, исткна Глигор Цветанов, извршен директор на „Макпрогрес“.
Според Цветанов, одлична е веста за дополнителен додаток што ќе го обезбеди државата за младите доколку работат во производна компанија, со цел тие да се задржат во земјата, при што го посочи примерот со Виница каде е многу мал бројот на лица кои бараат работа и се иселуваат во странство.
Имено, компанијата „Макпрогрес“ со 760 вработени е еден од најголемите и најбрзорастечки капацитети од прехранбената индустрија, кој остварува и најголем извоз од државата, а идната година ќе одбележи 30 години од своето постоење.
Ново на Сител
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа